АХМЕТИ: ЌЕ ИЗНЕНАДИМЕ СО ЗЕЛЕНАТА ПЛАТФОРМА

0
18

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по концепциската трансформација на интегративците во зелена партија, вели дека се уништува природата и, како што рече, иднината на нашите деца.

-Да, вистина е кадри на ДУИ раководеле со надлежни институции. Има место за критика, но сега гледаме напред. Ќе изненадиме со многу проекти. Ќе изненадиме со нашата платформа за тн “зелена” иднина. Сега е време за ваква платформа, затоа што 19 години нашите агенди беа насочени кон други цели. Наш приоритет беше Рамковниот договор, приоритет беше образованието, правичната застапеност, приоритет беа правата на Албанците, приоритет беше НАТО, е сега се ориентираме кон екологијата и кон проектите кои ќе придонесат подобар живот за граѓаните – порача Ахмети на ТВ 21.

Извор фокус