БАБИШ СЕ СПАСИ – ИЗГЛАСАНА ДОВЕРБАТА НА ЧЕШКАТА ВЛАДА

0
16

Четири месеци пред парламентарните избори во Чешка, на премиерот Андреј Бабиш му е изгласана довеба во парламентот.

89 пратеници гласаа за смена на кабинетот, со што не беше постигнато потребното мнозинство од 101 глас од вкупно 200 пратеници за соборување на владата. Опозицијата, во дебатата која се развлече цел ден, го обвини Бабиш за потфрлувања во сузбивањето на пандемијата на коронавирус. Во Чешка од почетокот на падемијата досега се регистрирани преку 30.000 смртни случаи поврзани со коронавирусот.

Решавачко беше што на крајот, пред гласањето, комунистите демонстративно ја напуштија салата наместо да гласаат против владата. „Ние нема да учествуваме во овој театар“, изјави нивниот лидер Војтех Филип.

Претседателот Милош Земан најави дека кабинетот во секој случај ќе остане на функција до изборите на почетокот на октомври. Во историјата на Чешка досега само еднаш се случило изгласување недоверба на владата.

Бабиш е под притисок на повеќе фронтови. Нему му се заканува тужба поради проневера на пари од субвенциите на ЕУ, со што ќе се зафати новофомираното обвинителство на ЕУ. Во седишттео на оваа институција во Луксембург се испратени два извештаи поврзани со случајот Бабиш, изјави прашкиот државен обвинител Борис Хавел за новинската агенција АФП.