Бајден и Радев на средбата воопшто не ја спомнале Македонија

0
45

Прашањето за европската интеграција на Северна Македонија воопшто не беше споменато за време на кусиот разговор на бугарскиот претседател Румен Радев со претседателот на САД, Џо Бајден, изјавиле од кабинетот на Радев за БГНЕС.

 

Коментарот од кабинетот на Радев уследи по информациите дека темата за евроинтеграцијата на Македонија била централна во разговорот меѓу двајцата претседатели и дека бил извршен сериозен притисок за давање „зелено светло” за започнување на преговорите на Скопје со ЕУ