Бајден: Не сакаме судир со Русија, на Путин ќе му ги покажам црвените линии

0
25

Не сакаме конфликт со Русија, но ќе одговориме доколку Русија продолжи со своите активности“, рече Бајден на прес-конференција по самитот на НАТО во Брисел.

 

Два дена пред многу очекуваниот самит, Бајден оцени дека Путин е „интелигентен“ и „тврд“. Тој посвети посебно внимание на судбината на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални.

 

„Смртта на Навални ќе биде уште еден знак дека Русија нема намера да ги почитува основните човекови права“, предупреди тој.

 

„Тоа би било трагедија. Тоа само би ги влошило односите со остатокот од светот и со мене“, додаде тој.

 

Американскиот претседател исто така ги осуди агресивните активности на Русија и истакна дека и тој и НАТО сакаат „да го поддржат територијалниот интегритет и суверенитет на Украина“. Русија го анексираше Крим во 2014 година и ги поддржува проруските сепаратисти во источна Украина.

 

„Ќе сториме се што можеме за да и овозможиме на Украина да се спротивстави на агресијата“, нагласи Бајден.

 

Но, тој исто така предупреди дека приемот на Украина во НАТО, што го бара претседателот Володимир Зеленски, не зависи од него, туку од одлуката на триесетте членки на Алијансата.

 

Зеленски претходно вчера изјави дека сака јасно „да“ или „не“ од американскиот претседател за планот на Украина за влез во НАТО.

 

„Треба да добиеме јасни датуми и веројатност за тоа за Украина“, рече тој на денот на самитот на лидерите на НАТО во Брисел. Киев изрази незадоволство затоа што не е поканет на тој состанок.

 

Во заедничкото интервју за Ројтерс, АП и АФП, Зеленски рече дека добил ветување дека Бајден нема да ја користи Украина како договор за средба со Путин. Ројтерс објави дека Бајден исто така рекол дека Украина треба да ја искорени корупцијата и да исполни други критериуми за да влезе во НАТО.

 

„Факт е дека тие сè уште треба да се борат против корупцијата“, рече американскиот претседател. „Во меѓувреме, ќе сториме се што можеме за да ја доведеме Украина во позиција да може да се спротивстави на руската агресија.

 

Запрашан за очекувањата од самитот во Женева, Бајден рече дека не сака однапред да им ја открие својата стратегија на новинарите од целиот свет. Тој рече само дека очекува промена во ставот на Путин затоа што тогаш светот ќе ја промени неговата перцепција за него. По самитот во Женева, Бајден и Путин нема да имаат заедничка прес-конференција, туку Бајден ќе ја одржи сам.