БАЈДЕН ЌЕ РАЗГОВАРА СО ЛИДЕРИТЕ НА ЕУ И ЗАПАДЕН БАЛКАН

0
14

САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика на проширување, со активна поддршка на Вашингтон, јавува РТС

Западен Балкан ќе биде една од темите на средбата на американскиот претседател Џозеф Бајден со лидерите на ЕУ, следната недела во Брисел, јави РТС, повикувајжи се на европски дипломатски извори.

Соединетите држави и ЕУ ќе го засилат заедничкиот ангажман на Западен Балкан, вклучително и дијалог за нормализирање на односите Белград-Приштина и поддршка на клучните реформи во европската интеграција“, се вели во нацртот на заедничката декларација, што, според РТС, може да се смени до средбата на Бајден со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел и со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, на 15 јуни во Брисел.

Меѓу бројните прашања од агендата на првата посета на Бајден на Европската Унија, Западен Балкан ќе биде една од темите за кои Брисел и Вашингтон ќе ја нагласат потребата од подобра соработка и координација, дознава РТС.

„САД очекуваат ЕУ да го преземе водството на Балканот, кога станува збор за дијалогот меѓу Белград и Приштина, но и целокупната политика за проширување, со активна поддршка на Вашингтон“, Албанија, верувајќи дека кредибилна политика на проширување на ЕУ е исто така во американски стратешки интерес.

велат дипломатски извори во Брисел.

Иако постојат некои разлики во ставовите на Брисел и Вашингтон кон регионот, администрацијата на претседателот Бајден го дели зголемениот интерес на ЕУ за прашањата на владеењето на правото и слободата на печатот во Западен Балкан, велат изворите од Брисел.