БИЛ ГЕЈТС ЌЕ ГРАДИ НАПРЕДЕН НУКЛЕАРЕН РЕАКТОР ВО ВАЈОМИНГ

0
21

„Тера Пауер”, основана од Гејтс пред околу 15 години и „Пацифик Корп”, во сопственост на „Беркшир Хатавеј” на Ворен Бафет, најавија дека ќе ја знаат точната локација на реакторот со натриумско ладење до крајот на годината.

Компанијата за производство на нуклеарни реактори на Бил Гејтс, „Тера Пауер” (TerraPower) и електроенергетската компанија „Пацифик Корп” (PacificCorp) го избраа Вајоминг за започнување на првиот проект за реактор со натриумско ладење, на местото на затворената централа за јаглен, изјави гувернерот на државата Марк Гордон.

„Тера Пауер”, основана од Гејтс пред околу 15 години и „Пацифик Корп”, во сопственост на „Беркшир Хатавеј” на Ворен Бафет, најавија дека ќе ја знаат точната локација на реакторот со натриумско ладење до крајот на годината.

Некои сметаат дека ваквите мали напредни реактори, кои работат на горива различно од традиционалните, се технологија што може да ги замени повремените извори на енергија, како што се ветерот и сонцето, за да се намалат емисиите на гасови што предизвикуваат климатски промени.

„Ова е нашиот најбрз и најјасен начин да станеме негативни на јаглерод”, рече гувернерот на Вајоминг, земја која е најголем производител на јаглен.

Проектот се одликува со брз реактор од 345 мегавати, чие ладење со стопен натриум може да ја зголеми моќноста до 500 MW за време на најголемата побарувачка на електрична енергија.

„Тера Пауер” минатата година објави дека централата ќе чини околу една милијарда долари.

Кон крајот на минатата година, Министерството за енергетика на САД и додели на „Тера Пауер” 80 милиони долари почетни средства за демонстрација на технологијата на натриум и вети дека за компанијата ќе одвои дополнителни средства во наредните години.