Битиќи: Интервентниот план ќе се спроведе до крај затоа што секоја инвестиција значи подобар живот

0
25

Интервентниот план ќе се спроведе до последен момент затоа што секоја инвестиција значи подобар живот. Ќе обезбедиме онолку пари колку што е потребно за подобар живот на граѓаните во наредните неколку години, истакнува вицепремиерот задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи во интервју за МИА.

Најголемите инвестиции ќе бидат во енергетиката и во преминувањето кон обновливите извори на енергија, но солидни средства ќе бидат одвоени и за преработувачката индустрија и производството, кои се важен сегмент за домашната економија, посочува вицепремиерот.

– Економија во која 20 проценти опфаќа преработувачкиот сегмент не е економија која би требало да каже колку сме ние битни. И ние тоа мораме да го смениме. Да прераснеме во економија со која ќе не препознаваат како земја на можности, на стартапи, земја која е еднакво конкурентна со сите други по она што го произведуваме, вели Битиќи.

Смета дека премногу долго се тапкало во место и дека е жално во 2021 година да се зборува за пристап до вода за пиење, пречистителни станици и канализациони мрежи.

– Ако би имал механизам сето ова да го решам до Нова година, би го решил, но немам и затоа треба одредено време. Но, укажувам дека нема да има никакви отстапки и компромиси дали треба да се најдат или не пари. Јас сум еден од оние гласноговорници кои велат – ако треба ќе се задолжиме само на граѓаните да им ги обезбедиме елементарните потреби, нагласува Битиќи во интервјуто за МИА