Име Вести Македонија Близу 800 работници не добиле плата иако газдите земале помош од државата

Близу 800 работници не добиле плата иако газдите земале помош од државата

0
49

Предупредувањата за казни и кривичнo гонење и натаму не ги плаши газдите. 753 работници не зеле плата за февруари и март. 181 работодавач злоупотребил 196.000 евра државна помош, информираше директорката на УЈП Лукаревска.

Фирмите се опоменати а ги очекува и присилна наплата.

 

Уште 117 газди ги должат ланските плати на 356 работници во вредност од над 80.000 евра. На овие фирми им е извршена присилна наплата а им се закануваат и кривични пријави.

„Го имаме известено Јавното обвинителство, ги имаме преземено сите дејствија на присилна наплата и можам да кажам дека од првичниот прес кога го имавме за првиот сет мерки април/мај/јуни за злоупотребите, сега имаме соодветно намалување на тој број меѓутоа тоа не треба да значи дека на добро оди работата се до оној момент додека не видиме дека ниеден работодавач нема да ја злоупторебува оваа државна помош,“изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

За оние кои се уште не ги добиле парите од Мој ДДВ, Лукаревска кажа дека имале технички проблем кој веќе е надминат и парите многу скоро ќе им легнат на сметките.

„Имавме одредено техничко доусогласување бидејќи, како што се случи минататиот пат, да имаме двојна исплата и навистина многу внимаваме во тој дел да не ја направиме истата грешка. Така што навремено, како и досега, ќе биде вратен овој поврат.“изјави Сања Лукаревска, директорка на УЈП.

Документацијата за фирмите кои го изиграле законот е во Обвинителство. Оттаму посочија дека се отворени неколку истраги но непознато е кога ќе завршат.