БРИТАНСКИ ПОЛИЦАЕЦ КИДНАПИРАЛ, СИЛУВАЛ И УБИЛ ЖЕНА ОД ЛОНДОН

0
18

Поранешниот полициски службеник во Лондон, Вејн Кузенс, на суд признал дека ја киднапирал и силувал Сара Еверард.

Кузенс (48) утрово ја призна вината пред судот по читањето на обвиненијата. Тој исто така призна дека ја убил 33-годишната Еверард, но ќе се изјасни за виновен за убиството на следното рочиште, закажано за 9 јули, пишува Sky News.

Да потсетиме, Еверард исчезнала на 3 март кога се враќала дома од посета на пријател. Последен пат таа била снимена од надзорна камера во 21:30 часот додека одела сама по улицата. Се претпоставува дека одела кон нејзината куќа, за што и требале околу 50 минути. Една недела подоцна, полицијата ги пронашла остатоците од нејзиното тело во шума.

Поранешниот полицаец работел во Одделот за заштита на парламентот и на дипломатите. Тој бил одговорен за патролата во областа на палатата Вестминстер, Даунинг стрит и странските амбасади во Лондон.