ВАШИНГТОН ПОЧНА ДА ДАВА ЏОИНТИ ЗА ДА ГО ПОТТИКНЕ ВАКЦИНИРАЊЕТО

0
21

Вакцината може да донесе некои претходно неочекувани работи во државата Вашингтон.

Државниот одбор за алкохол и канабис објави во понеделникот дека во обид да ги поттикне вакцинациите за коронавирус, привремено ќе им овозможи на малопродажните објекти лиценцирани за канабис од државата да им даваат бесплатен џоинт на возрасните кои ја добиваат својата прва или втора доза на клиниката за вакцини, објави Вашингтон пост.

Ова е дел од проширената листа на стимулации што се појавуваат низ целата земја, со цел да бидат поттикнати Американците да се вакциниртаат. Слични кампањи постојат веќе со месеци, со групи активисти за канабис и локални диспанзери кои нудат џоинт за вакцинација.

Здравствените експерти постојано повторуваа дека побарувачката за вакцини ќе опадне, и секој нареден обид за нивно поттикнување ќе биде потежок, заради двоумење кај популацијата што не е вакцинирана.

„Од самиот почеток на пандемијата, секогаш сме имале околу една четвртина од населението што вели ‚Ух, навистина не знам’ “, рече Рупали Лимаје, бихејвиорал и социјален научник кој ги проучува колебливоста за вакцините во школата за јавно здравје Џон Хопкинс.

Кампањата наречена „Џоинт-за-вакцина” стапува во сила веднаш и ќе трае до 12 јули објави Њујорк тајмс.

Акцијата се однесува само на цигари од марихуана, а не на други производи од канабис.

Во Вашингтон, околу 58 проценти од луѓето досега примиле една доза, а 49 добиле друга доза.

Слична акција најави и федералната држава Аризона.