Вајналдум: Ова беше Македонија, никој не очекуваше да имаме проблеми…

0
53

 

Капитенот на холандската репрезентација не беше целосно задоволен од прикажаното на дуелот на „Јохан Кројф Арена“.

„Мислам дека сите можеа да видат дека бевме премногу лежерни, особено во второто полувреме, но исто така и во првото полувреме, Моравме да „пешачиме“ многу метри. И тоа не смееме да си го дозволиме во преостанатиот дел од ова Европско првенство.

Ова беше Македонија, против која навистина не очекувавме да имаме проблеми. Ситуацијата ќе биде поинаква да беше друг противник. Како и да е, моравме да се справиме со овој меч, добро е што победивме со 0-3. Мислам дека добро одигравме во групата, завршивме со девет бода. Ова сега мора да го покажеме и до крајот на турнирот“, смета двојниот стрелец на мечот со Македонија.

Холандија патува во следната фаза, а македонските репрезентативци го завршија дебитантскиот настап на големите натпреварувања и се враќаат дома без ниту еден освоен бод.