(ВИДЕО+ФОТО): ЕКСПЛОЗИИ ВО ФАБРИЧКИ МАГАЦИН ВО ЧАЧАК, СРБИЈА

0
52

Магацин на фабриката „Слобода“ во Чачак се уште гори, се слушаат експлозии на секој половина час, пренесуваат медиумите од Србија.

Чачак од синоќа е како во воена состојба, откако избил пожар во фабриката Слобода.

Серија силни експлозии оддекнале во фабриката Слобода во чачак околу 1,30 часот, иако детонации сеуште се слушаат сепак веќе не се гледа дим над фабриката, пренесе градоначалникот на Чачак, Милун Тодоровиќ.

Најдраматично било во населбата Језин во близина на фабриката.

Вознемираните и исплашени граѓани ги напуштале своите домови и бегале што подалеку од фабриката.

-Од околу 60 работници од смената во 1,30 часот останале само 4 работници, еден час подоцна и тие работници биле сместени на безбедно. Од 2-30 часот ниту едно лице не било во фаброката, пренесе градоначалникот Тодоровиќ.