Видео) Вучиќ и Јеремиќ се провоцираа за тепачка во Претседателството на Србија

0
41

Претседателот на Српската народна партија и нејзиното раководство неодамна беа во Претседателството на Србија за да се „пресметаат“ со претседателот Александар Вучиќ, а денеска на Твитер објавија и видеоснимка од инцидентот кој беше на раб да прерасне во тепачка.

Опозициските политичари се појавија во зградата на Претседателството по „повик“ од Вучиќ „да дојдат да го линчуваат“. Откако пред два дена се огласи Јеремиќ велејќи дека отишол кај претседателот да го праша „дали е нормален“, бидејќи го повикал на тепачка и дека притоа Вучиќ „му се внесол во лице и го пцуел“.

Соработникот на Вучиќ, Милош Вучевиќ, пак, истакна дека работите се одвивале малку поинаку и дека претставници на Народната партија се појавиле во Претседателството со намера да направат маркетиншки маневар.

НОВА