(ВИДЕО) ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ СТИГНАА ВО ТУРЦИЈА, ЗА ДА ВЕЧЕРААТ СО ЕРДОГАН

0
22

Заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј ги пречека на аеродром македонските премиер и министер за здравство

Премиерот Зоран Заев, придружуван од министерт за здравство Венко Филипче, попладнево пристигнал во Турција, каде што отпатува по покана на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Како што соопштија од Владата, Заев и Филипче биле пречекани од заменик-гувернерот на Истанбул Зекерија Гунеј.

Во продолжение на посетата, премиерот ќе има работна вечера со претседателот Ердоган.

Како што соопшти владината прес-служба, на средба се очекува да се разговара за повеќе области од заеднички интерес, како економијата, трговијата, здравството.