(ВИДЕО) ИЗРАЕЛ БОМБАРДИРАШЕ ПОЗИЦИИ НА ХАМАС, ПРЕКРШЕНО ПРИМЕРЈЕТО ВО ПОЈАСОТ ГАЗА

0
20

Израел синоќа ги бомбардираше позициите на Хамас, со тоа беше прекршено примирјето во Појасот Газа, јавуваат светските агенции.

Израелската страна тврди дека нападите се одговор на запаливите балони, попознати како „балони со бомби“, лансирани од палестинска територија, пренесува Би-Би-Си, додавајќи дека се започнало со собирот на еврејските ултра-десничари кој беше одобрен од новата израелска влада.

Ова е прв поголем конфликт откако беше воведен прекин на огнот на 21 мај, по повеќедневен меѓународен притисок да се стави крај на 11-дневното крвопролевање. Во нападите загинаа повеќе од 250 лица, од кои 68 деца, повеќето од нив во Газа.

Најновите експлозии се слушнаа во средата, во раните часови, пишуваат медиумите.

Радио станицата на палестинското движење Хамас исто така извести дека израелски борбен авион нападнал палестински камп за обука во Газа.

На социјалните мрежи кружат слики и снимки од бомбардирањето, со коментари „повторно се случува“, „разбуди се“, „Израел повторно фрла бомби“.

 

Неколку часа порано беа испратени неколку „балони со бомби“ од Газа, што предизвика околу 20 пожари близу границата, објави израелската противпожарна служба.

Израелските одбранбени сили (ИД) соопштија дека нивните борбени авиони ги погодиле воените единици предводени од Хамас во градот Кан Јунис во Појасот Газа.

Портпарол на Хамас објави на Твитер дека Палестинците ќе продолжат со својот „храбар отпор“ и ќе ги бранат своите права „сè додека окупаторот не биде протеран од целата земја“.

Засега не е познато дали имало жртви или повредени во нападот.

Извор Точка