(ВИДЕО) ПОВТОРНО СЕ ОТВОРИ МУЗЕЈОТ ВАН ГОГ ВО АМСТЕРДАМ, ХОЛАНДИЈА СЕ ВРАЌА ВО СТАРО НОРМАЛНО

0
21

Во Холандија повторно се отворија музеите, кината, театрите и рестораните, што е понатамошен чекор кон враќање на старото нормално.

Локалните медиуми објавија дека олеснувањето на мерките е поздравено со ентузијазам.

Многу ресторани, каде што луѓето сега можат да јадат повторно во затворени простории, главно биле резервирани, додека билетите за кината и театрите се распродадени, но бројот на посетители сè уште е ограничен. На некои места, како што е музејот Ван Гог во Амстердам, се одржани церемонии на отворање.

„Културата е важен темел на нашиот град и на целата земја“, рече за време на церемонијата, градскиот поет Гершвин Боневација.

Традиционалното кино Тушински се отвори со филмот Битка на Шелде, чија премиера беше во декември 2020 година, ден пред киносалите да мора да се затворат поради новите мерки за затворање.

Спортските сали исто така се повторно отворени, а работното време на угостителските објекти е поместено до 22 часот. Ноќниот полициски час е укинат веќе некое време, и сите продавници се повторно отворени.