(ВИДЕО) СНИМЕНА АЈКУЛА ОД ДВА МЕТРИ ВО ПЛИТКИТЕ ВОДИ НА ЈАДРАНСКО МОРЕ

0
24

На социјалните мрежи е објавена снимка на која се гледа ајкула во плитките води на хрватскиот остров Корчула.

Имено, станува збор за сина ајкула, која живее во Јадранското море и во главно се храни со помал плен и риби, додека ретко напаѓа луѓе, објавил порталот “RTL”.

Како што се додава, досега во Хрватска се забележани девет напади на ајкули, а жртвите биле странци.

Во Јадранското море живеат околу 50 видови на Ајкули. Повеќето се хранат со планктони, риби, птици и ракови.