ВИДЕО | Филипче: Попладнево пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“

0
18

 Пристигнаа 100 620 дози вакцини „Фајзер“, што ги купивме преку КОВАКС механизмот, објави вечерва министерот за здравство, Венко Филипче.

– Во текот на следните денови вакцинацијата ќе добие ново, забрзано темпо со што ќе бидат вакцинирани сите пријавени граѓани. Доколку сѐ уште не сте се пријавиле преку веб-страницата, апелирам да го направите тоа што поскоро, како би добиле термин во најбрз временски рок, стои во неговата објава на Фејсбук.