ВМРО-ДПМНЕ И ЛЕВИЦА СО РЕАКЦИИ ПО УКАЗОТ ОД САД ЗА ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР

0
20

ВМРО-ДПМНЕ законски го почитува Договорот од Преспа, велат од опозициската партија еден ден откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша указ за суспендирање на лицата кои работат против овој и други слични договори на Балканот. Добрата работа во врска со декретот на администрацијата на Бајден, според Антонио Милошовски, е заложбата за казнување на сите инволвирани во корупција.

„Левица“ не ја смени својата позиција и нејзиниот претседател Димитар Апасиев доброволно побара од САД да го стават на црната листа, бидејќи нема да ги признае ниту Договорот од Преспа ниту Охридскиот договор.

„Договорите како Рамковниот договор и тој од Преспа, и на Бугарија промовираат регионална нестабилност, а не обратно. Искуството со години покажа дека Охридскиот договор е само средство за задоволување на тесните партиски интереси на ДУИ, која е на власт 20 години. Посветена на левичарската традиција до крај, „Левица“ ќе продолжи да се спротивставува на сите штетни политики и договори кои се спротивни на националните интереси, утврдени од АСНОМ“, наведоа од Левица.

Владата вели дека администрацијата на Бајден ја потврдила поддршката за напорите за стабилност во регионот.

Претседателот на САД, Џо БАјден потпиша указ за замрзнување на имотите, и забрана за влез во САД на оние кои работат против Преспанскиот и Охридскиот договор, и кои го загрозвуваат мирот и регионалната соработка. Извршната наредба се однесува на поткопување на повоените договори, и институцие по распаѓањето на поранешна СФРЈ, но исто така ја вклучува и Република Албанија. Тој се осврнува и на широко распространетата корупција во владите и институциите на Западен Балкан, што го попречува напредокот кон ефективно и демократско управување, и целосна интеграција на регионот во евро-атлантските институции, кои се закана за националната безбедност и надворешната политика на САД.

Меѓу лицата кои се персона нон грата за САД од земјата и натаму се : Мендух Тачи, Нури Беџети, Џеват Адеми, Абдил Јашари, Гафур Адили, Невзат Халили, Џавит Хасани, Кастриот Хаџиреџа, Џемаил Хисени, Даут Реџепи и Џезаир Шаќири.

Извор АЛСАТM