ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов ќе го паметиме по ништо!

0
19

Шилегов е најнеспособниот градоначалник во историјата на Скопје. Тој е единствениот градоначалник кој нема започнато капитален проект во својот мандат, обвини советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје преку соопштение.

„И Ристо Пенов и Трифун Костовски ќе ги паметиме по нешто, Коце Трајановски по многу, а само Шилегов по ништо. Всушност на Петре Шилегов сите ќе се сеќаваат како на градоначалникот кој не работеше ништо. Град Скопје има 4 пати поголем долг сега, отколку пред 4 години. Петре Шилегов го задолжи Скопје 4 пати повеќе, отколку што беше во времето на Коце Трајановски. Каде отидоа парите за кои Шилегов го задолжи градот? Градот е во долгови, а нема никаков капитален проект. Завршија ли сите буџетски пари во тендери и набавки на двојно или тројно претплатени стоки и услуги? Четири години Шилегов, четири години украден живот. Доста е“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.