ВМРО НП Тетово –  Не е 5 до 12 туку е 12 и 5, ако не се обединиме во единствен македонски блок се помалку ќе има советници Македонци

0
23

ВМРО НП Тетово не се откажува од идејата за обединување во единствен политички блок и настап со заедничка советничка листа од сите политички партии на Македонците во Тетово за време на локалните избори.

Само на тој начин Македонците ќе имаат политичко влијание и улога во донесување на важни одлуки во советот, вели претседателот на ВМРО НП Тетово Драган Давидовски, кој беше во неколку мандати советник во Општина Тетово.

-Долги години наназад повикуваме на обединување за да имаме влијание на сите општествено политички процеси во Општина Тетово. Вака очигледно разединети и поделени на неколку партии не секогаш успеваме да се пронајдеме себеси политички во одлуките на советот. Нашата порака е дека не е 5 до 12 туку е 12 и 5, ако не се обединат во единствен блок се помалку ќе има членови односно советници Македонци и тоа малку влијание што го имаат ќе го загубиме, вели Драган Давидовски претседател на ВМРО НП огранок Тетово.

Вели дека оваа идеја досега ја прифатиле само од Обединети за Македонија, но подршка има од голем број граѓани, здруженија како и поранешни советници во советот.

-Освен што се јавија Обединети за Македонија поранешни членови на советот и угледни граѓани ВМРО ДМПНЕ и СДСМ не најдоа време да разговараме , јас верувам дека имаат поголеми партиски ангажмани, а во наредниот период ќе седнеме да разговараме за суштинските потреби на Македонците, истакна Давидовски.  

И да не одговорат позитивно на идејата особено двете политички партии ВМРО ДПМНЕ и СДСМ, тој односно ВМРО НП заедно со истомислениците кои ја подржуваат идејата, единствениот македонски политички блок секако ќе настапи со листа на советници на локалните избори која ќе биде сочинета од преставници од ВМРО НП како и некои помали партии, здруженија и организации кои ја подржуваат идејата на Давидовски.