ВНУК НАПАДНАЛ 73 ГОДИШНА ЖЕНА ОД ГОСТИВАРСКО СЕЛО

0
22

Синоќа во Полициската станица Гостивар, 73-годишна жителка на гостиварско село пријавила дека семејната куќа, по претходна расправија, била физички нападнат од нејзиниот внук А.Р.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Утринава во СВР Тетово, 36 годишник од тетовско Долно Палчиште пријавил дека околу 06.50 часот во угостителски објект во селото, по претходна расправија во врска со незавршени градежни работи, бил физички нападнат од 40 годишник од исто село. Се работи на целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следи соодветен поднесок.

Полициски службеници од Полициската станица Гостивар го лишиле од слобода лицето Б.Н на возраст од 27 години од гостиварско Калиште затоа што претходно се заканувал на персоналот и обезбедувањето во Ургентното одделение при Медицински центар Гостивар.  Тој бил приведен во Полициска станица Гостивар и по целосно документирање и расчистување на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.