ВО ЕКСПЛОЗИЈА НА ПЛИНСКА ЦЕВКА ВО КИНА ЗАГИНАА 12 ЛУЃЕ

0
17

Во експлозија на плинска цевка во станбена населба во центарот на кинески град загинаа 12 луше, а повредени се 138, јави денеска Си-си-ти-ви.

Вкупно 150 луѓе се евакуирани по несреќата во градот Шијан во покраината Хубеј до 3 часот наутро по средноевропско време.

Меѓу повредените 37 се во критична состојба.

Во експлозијата се урна зграда во која се наоѓа прехранбена продавница, јавија локалните медиуми.

Снимките покажуваат урнатини и искршено талко кои го прекриваат првиот кат од зградата во која луѓето појадувале и купувале намирници кога дошло до експлозијата.

Болниците во Шијан ги молат жителите да даруваат крв.