ВО МАКЕДОНИЈА ЗАПРЕ МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА, ВИКЕНДОВ НА ВАКЦИНАЦИЈА И РЕВАКЦИНАЦИЈА ВО СРБИЈА

0
20

Три дена пауза за вакцинација против Ковид -19 во државата. И не само во Скопје за време на продолжениот викенд затворени се сите пунктови во земјава каде се вршеше имунизацијата

-Имунизацијата се врши со вакцините Фајзер, Астра Зенека, Синофарм и Синовак. Министерството за здравство навремено ја информира јавноста за секоја нова пратка вакцини што стигнува во нашата земја, информираат од МЗ.

Здравствените власти најавуваат дека процесот на имунизија ќе продолжи од понеделник, а во меѓувреме граѓаните продолжуваат со имунизација во соседна Србија

-Очекуваме 13.000 луѓе, 8000 во сабота. Тогаш ќе работат и двете сали на саемот. Го продолживме работното време од 8 до 17 часот, а стандардно е до 16 часот. Навистина добро се подготвивми и сакаме да покажеме дека сме добри домаќини и добри соседи, изјави Зоран Беќиќ, директор на пунктот за вакцинација на Белградскиот саем.

Според неофицијални информации само во март околу 15.000 македонски државјани се вакцинираа во Србија.