Во полошко за седум часа санкционирани над 70 возачи кои возеле над пропишаната брзина

0
21

Вчера од 09 до 16 часот СВР Тетово спроведе засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 74 возачи. 67 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а седуммина за дури над 70 километри на час над дозволената.

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.