ВО ПОЛОШКО РЕГИСТРИРАНИ ЧЕТИРИ ФИЗИЧКИ НАПАДИ, СЕ КОРИСТЕЛЕ МЕТАЛНИ ПРЕДМЕТИ

0
22

Вчера во 18 часот и 50 минути, полициски службеници на СВР Tетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот гостиварец Б.И., кој претходно физички го нападнал неговиот 82-годишен татко.Тој е задржан во Полициската станица Гостивар за расчистување и документирање на случајот.

Полициски службеници пак на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода Ф.С.(59) од гостиварско Врапчиште, кој околу 10 часот физички го нападнал неговиот 66-годишен стрико.Ф.С. е задржан во Полициската станица Гостивар и се расчистува и документира случајот.

Ноќеска  околу 01.00 часот Ф.Б.(45) од Врапчиште во СВР Тетово пријавил дека околу 22 часот и 30 минути во гостиварски Добридол физички бил нападнат од Ш.Н.(70) од ова село, а поради нивни претходни нерачистени должничко-доверителски односи. Според пријавата, напаѓачот користел и метален предмет.Се преземаат мерки за расчистување и документирање на случајот.

Половина час подоцна околу 1 часот и 30 минути, Д.А.(26) од Тетово во СВР Tетово пријавил дека претходниот ден околу 23 часот и 40 минути на улица „Борис Кидрич“ во Тетово, физички бил нападнат од неколку лица.Се расчистува и документира случајот.

Вчера (20 јуни) околу 18 часот и 40 минути, на улица „Борис Кидрич“, во близина на Железничката станица во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода А.А.(27) од тетовско Џепчиште и 28-годишниот тетовец Г.С., затоа што при преглед им била пронајдена марихуана. Двајцата се задржани во Полициската станица Тетово за документирање на случајот, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.