Во септември ќе имаме конечен договор“ – надежта последна умира, но никогаш за Османи

0
22

Септември е другиот рок кога се очекува да се постигне договор меѓу Скопје и Софија најави министерот за надворешни работи, Бујар Османи. Тој рече дека овој договор ќе резултира со неколку чекори кои главно се поврзани со словенечкото претседавање, со португалскиот предлог и Патоказот, кој, како што вети, пред септември ќе се дефинира од Македонија и Бугарија.

„Доколку беа прифатливи тие наши предлози, да се усогласиме за патоказот, португалското решение веќе е на маса, зелено светло во четвртокот – имаме комплетен договор. Едната позитивна страна на ова писмо што го добив вчера е дека во писмото стои дека сите предлози коишто се дадени  се прифатливи затоа што кога барате да република северна македонија да ги реализира обврските, тоа значи дека вие се согласувате дека тоа е решение. Но, негативното е што дојде откако заврши самитот“, рече Османи.

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вели дека позагрижувачки е тоа што премиерот Заев не ги негира барањата на Бугарија.

Она кое што можам да го потенцирам е дека видовме дека Бугарската страна бара целосно идентитетско обезличување, но воедно она што нас не загрижува и она што е многу по запрепастувачки е тоа што нема демант ниту од Заев ниту од останатите дека зборел на состаноци дека бугарскиот и македонскиот народ биле исти или со сличен јазик. Заев вика дека ќе продолжел да моли во Софија, што значи дека тој сега моли да му го прифатат тоа што го говорел таму.“, вели Арсовски.

Инаку министерот Османи изјави дека Преспанскиот договор е на правилниот пат за спроведување иако призна дека во текот на пандемијата и со промената на составот на комисијата за историја на Грција, се забави работниот ритам. Извести дека на неделно ниво работната група во рамките на МНР известува за завршените точки, додавајќи дека разликите кои во фудбалот не можат да го минираат стратешкото партнерство меѓу Скопје и Атина.

ТВ 21