ВО ТЕТОВО ЖЕНА СО ТВРД ПРЕДМЕТ ГО УСМРТИЛА СВОЈОТ СОПРУГ

0
18

На 27.06.2021 во 11,35 часот во СВР Тетово А.С. (39) од Тетово пријавила дека околу 11,00 часот во семејниот дом во Тетово извршила убиство на нејзиниот 51- годишен невенчан сопруг А.И.

Според пријавеното, во извршувањето на кривичното дело осомничената употребила тврд предмет.

На местото на настанот извршен е увид од Јавен обвинител и екипа од СВР Тетово, а безживотното тело предадено е за обдукција.По документирање на случајот против А.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.