Во четири македонски града нема заразени со коронавирус

0
37

Според последната статистика на Институтот за јавно здравје, за заразени со Ковид-19, во четири града во државата нема ниту еден позитивен граѓанин на корона вирусот.

Па така, без активни случаи на Ковид-19 се градовите: Пробиштип, Демир Капија, Пехчево и Дорјан. Под 10 активни случаи пак има во Кавадарци(8), Гевгелија(9), Неготино(8), Свети Николе(9), Ресен(9), Крива Паланка(3), Берово(2), Делчево(10), Дебар(1), Валандово(1), Богданци(2), Крушево(4), Демир Хисар(6), Кратово(9), Македонски Брод(1) и Македонска Каменица(3).

Активниот број на заразени пак се намали на 999 случаи, од кои најголемиот број се во Скопје.