ГОСТИВАРКА КРАДЕЛА ФОТОГРАФИИ ОД МАЛОЛЕТНИЧКА И ЈА ОМАЛОВАЖУВАЛА НА ФЕЈЗБУК

0
21

Гостиварското обвинителство поведе постапка против 47-годишна гостиварка за која постои основано сомнение дека злоупотребила лични податоци со тоа што во неколку наврати на 14 и 15 мај гоодинава преземала фотографии од Фејсбук профилот на малолетничка и ги прикачувала на нејзиниот личен прифил.

Според Обвинителството, на овие фотографии, осомничената додавала недолични и лажни и омаловажувачки коментари за малолетничката и за нејзината мајка.

Осомничената се товари за злоупотреба на лични податоци“ според член 149 став 1 од Кривичниот законик.