Гром уби 14 годишно дете од Србија

0
53

Четиринаесетгодишно момче од Сјеница во Србија почина вчера поради удар на гром.

Несреќата се случила во близина на селото Житниче  околу 17 часот. Во моментот на ударот на громот, момчето го чувало добитокот.

Неговото тело го пронашле родителите.

Момчето починало на самото место, а смртта ја констатирале лекарите од Здравствениот дом Сјеница, пренесува Нова.рс.