Дефектите на градската водоводна мрежа стара речиси еден век ги оставаат тетовци без вода со денови

0
21
 
Остранувањето на честите дефекти на градската водоводна мрежа во Тетово траат се подолго. Поради дефект на водоводна цефка во самото корито на река Пена во близина на црквата Света Богородица, стариот дел на градот 5 дена беше без вода за пиење.

 

Немањето на катастар на подземната инфраструктура на градскиот водоводен систем, како и развојот на градот некаде плански, некаде неплански со дивоградби, се главните причини каде екипите на Водовод и канализација при ЈКП Тетово со денови го бараат дефектот, работат на остранување на истиот ,а во меѓувреме граѓаните се без капка вода и повеќе од една недела.

Така беше и со остранувањето на дефект на водоводна цефка во самото корито на река Пена во близина на црквата Света Богородица, поради што и стариот дел на градот 5 дена беше без вода за пиење. Според ЈКП Тетово, се работело на специфичен терен во самото корито на реката Пена каде настанал дефектот на цефководот, но од друга страна урбано и тоа место бил видно изменето.

Засега барем нема никакви најави за реконструкција на дотрена градска вододна мрежа стара речиси еден век, каде често се појавуваат дефекти.Овој систем не може да ги издржи количините со вода потребни за градот, па често пати цефките избиваат, а новата инфраструктура како и сообраќајот преставува терет за водоводната мрежа, која со децении чека реконструкција.

ММС