ЕВРОПОЛ: НАД 800 УАПСЕНИ ВО МЕЃУНАРОДНА АКЦИЈА ПРОТИВ ОРГАНИЗИРАН КРИМИНАЛ

0
20

Повеќе од 800 лица се уапсени во меѓународната полициска акција против организиран криминал, што беше овозможено по дешифрирањето на кодирана комуникација меѓу криминални групи, соопшти денеска Европската полициска служба (Европол).

– Минатата недела неколку стотици лица беа уапсени во полициски операции низ целиот свет, од Нов Зеланд и Австралија, до Европа и САД. Резултатот е импресивен, рече заменик-директорот на Европол Жан-Филип Лекуф на прес-конференција.

Тој рече дека се уапсени повеќе од 800 лица, претресени се 700 места и запленети се осум тони кокаин.

Претставниците на Федералното биро за истраги на САД на истата прес-конференција одржана во Хаг рекоа дека полициската операција спасила неколку стотици животи. Тие исто така изјавија дека „беа спречени повеќе од 100 смртоносни закани“.Акцијата на полицијата во неколку земји била покрената веќе три години координирано со декодирање на шифрираната комуникација меѓу криминални мрежи.

Извор тв24