ЕРИКСЕН ОСТАНУВА ВО БОЛНИЦА ПО КОЛАПСОТ

0
47

Данскиот репрезентативец Кристијан Ериксен ќе остане во болницата во Копенхаген, бидејќи се опоравува откако вчера колабираше на фудбалскиот терен. Данскиот тим ги откажа сите планирани медиумски активности и го одложи тренингот планиран за денеска за да можат соиграчите на Ериксен да се соземат од вчерашниот здравствен инцидент на теренот.

Ериксен вчера колабираше на натпреварот меѓу Данска и Финска во 43-тата минута. Откако му се слоши, тим на брза помош неколку минути го реанимираше на теренот додека неговите соиграчи стоеа околу него заштитувајќи го него од јавноста, но и јавноста од таква глетка.

По 90 минутен прекин на играта, натпреварот продолжи со второто полувреме. Побединик беше Финска со 1-0.