ЕТЕРЕУМОТ ПОРАСНА ЗА 5 ПРОЦЕНТИ – БИТКОИНОТ СТАБИЛЕН

0
18

Крипто-валутата Етереум скокна за над пет проценти во понеделникот и моментално изнесува 2.565 долари, но сепак останува за 40% понизок од својот максимум на почетокот на овој месец, кога изнесуваше 4.300 долари, пренесува Ројтерс.

Утрово во 10 часот е забележан раст од 4,1 процент и во тоа време изнесуваше 2.495 долари, и продолжува стабилно да расте.

Неговиот најголем „ривал“ и најпозната криптовалута биткоин е во „мртва“ точка. Утрово е забележан минимален раст од 0,8 проценти, а неговата вредност сега е 36.837 долари.

Биткоинот беше во мирување во последниве денови, откако забележа голем пад од 35% овој месец.

Овој пад е предизвикан од зголемените притисоци во врска со регулирањето на употребата и најавата за оданочување на оваа криптовалута.

Етереумот во моментов се тргува на нивото што последен пат беше видено во февруари, и скоро двојно повеќе од вредноста забележана во април, кога Биткоинот вредеше 65.000 долари.

Извор Тв21