Ждрепка ЛШ: Шкендија ќе игра против словенечки ривал во првото претколо!

0
29

Екипата на Шкендија како шампион на Првата македонска фудбалска лига, ќе биде единствениот наш претставник во квалификациите за Лигата на шампионите. Патот до елитното натпреварување е секогаш тежок, а тетовчани стартуваат од првото претколо.

Денес, во просториите на УЕФА во Нион се одржа ждрепката која ги одреди паровите и Шкендија го дозна својот ривал. Македонскиот првак беше сместен во втората од четирите групи и беше носител во ждрепката, а противник во првата рунда ќе им биде Мура од Словенија.

  • Двомечот во првото претколо во Лигата на шампионите: 

Шкендија – Мура (6 или 7 јули)
Мура – Шкендија (13 или 14 јули)

Доколку мине понатаму, во втората рунда Шкендија не би играла како носител и би била во подредена улога за извлекувањето. Единствен начин македонски тим да заигра во Лигата на Европа е ако тетовчани минат една рунда во Лигата на шампионите, па доживеат елиминација во следната. Со евентуален пораз во двомечот уште во првото претколо на Лигата на шампионите, Шкендија би заиграла во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА, а во ждрепката за второто коло би била носител.

Првото квалификациско коло во Лигата на шампионите кое Шкендија ќе го одигра на домашен терен ќе се одигра на 6 или 7 јули, а потоа реваншот на 13 или 14 јули.

gol.mk