ЗАГИНА ДВАЕСЕТГОДИШНА ДЕВОЈКА, СЕ ИСТУМБАЛА СО „ПОЛО” КАЈ ЕРЏИЛИСКИ МОСТ

0
20

Дваесетгодишна девојка загина во сообраќајна несреќа откако со автомобил излетала од патот.

Според информациите на МВР, несреќата се случила утринава околу 07.15 часот на автопатот Миладиновци – Штип, на место викано „Ерџелиски мост“.

С.М.(20) од село Кадрифаково, светиниколско, со „фолксваген поло“ изгубила контрола и излетала од патот.

Девојката со тешки телесни повреди била пренесена во Клиничката болница Штип каде починала. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа на ОВР Свети Николе.