ЗАЕВ: ЗА ТРИ ГОДИНИ НАЈВЕРОЈАТНО ЌЕ СЕ ПОВЛЕЧАМ ОД ПОЛИТИКАТА

0
18

Во интервјуто за српски Курир, премиерот Зоран Заев искажа работи од својот живот, а и од политиката. Тој кажа дека во 2024 најверојатно ќе се повлече од политиката и дека ќе работи во својата компанија.

Заев, како што вели, најмногу му е криво што во политиката влегол „од прва“.

„Секаде е тоа ризик, но особено на Балканот. Секогаш е здраво да доаѓаат нови луѓе. Сега сум во вториот мандат, кој би требало да заврши до 2024, и верувам дека ќе го завршам. Тогаш ќе се вратам во нашата компанија, повторно да работам комерцијално. Најмногу се каам веројатно што во политиката влегов така, на прва. Кај нас старите луѓе велат: „Бегај подалеку од политика и мотика“. А, јас со мотика дојдов во политика. Катастрофа. Но во таа доба беше семејна обврска да се влезе во политика. И тогаш заглавив во неа. Но, голема е честа да се биде премиер на својата земја“, вели Заев.