Заев: Имаме постигнато договор за 5 историски личности и за 3 историски периоди

0
24

Премиерот Зоран Заев смета дека денешната средба со неговиот бугарски колега Јанев и заедничките напори за воспоставување на атмосфвера на доверба ќе даде охрабрување заедничката комисија да работи уште поефикасно за да се постигне договор за уште историски личности или периоди.

-Имаме постигнато договор за пет историски личности и за три историски периоди. Впрочем, заедно ги славиме. Нашите двајца претседатели беа во Ватикан и се поклонија пред Свети Кирил и Методиј и заедно го славиме тоа, како што е и Свети Климент и Наум, како што е и Цар Самоил. Таквите успеси треба да не мотивираат да одиме и понатаму затоа што низ овие експертски комисии тие работат на основа на факти и работат на основа на сознанија, рече заев одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата по средбата со Јанев во Софија.Од самиот договор постои можност да се изнајдат такви решенија, јас би кажал дури и да ги нема треба да ги измислиме како не поврзуваат, како не прават попријатели, како го зближуваат нашиот народ и ги учат младите генерации на соработка. И на крајот на денот навистина јас сум убеден дека за се постои решение. Како што кажа и премиерот Јанев политичарите мораме да ги носиме политичките одлуки, историчарите се тие што треба да работат експертски и историски, но ние политичарите треба да ги носиме политичките одлуки и во еден убав амбиент политички навистина дури и големите прашања лесно се решаваат. Но, кога е лош политичкиот амбиент дури и најситното прашање претставува голем проблем. Затоа верувам дека ќе имаме уште поголеми резултати од историско-образовната комисија од бугарска и македонска страна, истакна премиерот Заев.