Заев: Не правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ

0
22

Премиерот Зоран Заев, во одговор на новинарски прашања за обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека се водат тајни преговори со Бугарија, и дали опозицијата е запознаена со разговорите, изјави дека не се преговара за нов договор со Бугарија, туку се бараат формулации за преговарачката рамка со ЕУ. Повтори дека не се преговара за македонскиот идентитет и македонскиот јазик.

-Ние немаме преговори, ниту пак правиме нов договор со Бугарија, се бараат формулации за делот на преговарачката рамка што ја носи Европскиот совет, значи одлуката е таму, не се одлучува нешто во Бугарија или во Северна Македонија, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по пуштањето во употреба на првиот дел од експресниот пат Штип – Радовиш.