ЗАЕВ: СТРУЈАТА НЕ ПОСКАПУВА, ОД ПРВИ ЈУЛИ ДДВ СЕ НАМАЛУВА ОД 18 НА 5 ПРОЦЕНТИ

0
30

Со цел да се ублажи растот на цената на електричната енергија условена од целосната либерализација на пазарот на електрична енергија, од 1 јули, ДДВ за струја се намалува од 18 на 5 проценти, најави премиерот Зоран Заев.

– Од 1 јули 2021 до 1 јули 2022 година ќе биде 5 проценти, потоа од 1 јули 2022 до 1 јули 2023 година, таа ќе биде 10 проценти, а од 1 јули 2023 година се враќа на 18 проценти – рече Заев.

Тој објасни дека сега ЕСМ има обврска 70 отсто од произведената струја да ја продава на домашниот пазар, а тој удел во наредните години ќе се намалува. Струјата на ЕСМ , пак е поевтина од онаа на отворениот пазар.

Со намалувањето на ДДВ, Заев тврди дека цената на струјата нема да се зголеми до крајот на годината.

Извор Слободен печат