Заев ќе патува и моли за зелено светло – ЕУ самитот во јуни нова надеж за Македонија

0
20

Јас сум спремен да одам во Софија и да помолам, да помолам на решение на прагматични основи“, истакна Зоран Заев.

И не само Бугарија, во следнито период премиерот Заев најави стратешки патувања.

„Стратешки патувања во овој период. Најавив Истанбул, Тирана, Париз, Виена и други градови. Зошто? Затоа што повторно сме исправени пред предизвикот на интеграциите во ЕУ“, посочи Зоран Заев.

Го спомена самитот во Анталија на 17 јуни, но како можност за средби со бугарските претставници го посочи и самитот на НАТО во Брисел на 14 јуни.

„Верувам дека и билатерално ќе се видиме затоа што нашите министри за надворешни работи со своите тимови соработуваат, го доразвиваат планот за соработка. Се работи за секторскиот план од сите области, верувам дека ќе го утврдиме до крај. Јас дури верувам дека може да се одржат и Меѓувладината конференција во престојниот период, а во меѓувреме да се усвојат сите потребни работи“, посочи Зоран Заев.

Додаде дека интензивирањето на состаноците и приближувањето до решение, може да биде од помош, за како што рече, „тоа гласно ДА“, кое се очекува на 22 јуни.

„Мегдан е пред нас, значаен период, верувам дека можеме да ги искористиме до максимум сите средби за да постигнеме успех“, вели Зоран Заев.

Македонија и Бугарија ги приближуваат позициите врз основа на португалскиот предлог за решавање на спорот, кој неодамна им беше презентиран и на двете страни. Oпозициската ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека предлогот е штетен и е планирано бугарската декларација да стане дел од преговарачката рамка и бара од Заев да каже дали на маса е таа декларација, со која се негираат македонскиот идентитет, историја и јазик.

„ВМРО-ДПМНЕ е сериозно загрижена за државата. Сите ги знаеме бугарските позиции. Но, никој не ги знае позициите на Зоран Заев, тој јавно ги менува своите ставови и ја понижува Македонија. Заев јавно кажуваше дека македонскиот и бугарскиот народ се исти, исто како и јазиците“, посочи Бојан Стојановски.

Според досегашните изјави, во португалскиот предлог за спорот со Бугарија вклучени се очекувањата на двете страни. МНР Бујар Османи во „Click Plus“ на ТВ21 рече дека предлогот предвидува гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се имплементира

.ТВ21