ЗВИЦЕР И ЏОНИ ЧУВАНИ ОД ПРИПАДНИЦИ ОД НАРКО – КАРТЕЛИ ЗАЕДНО СЕ КРИЈАТ ВО БРАЗИЛ И ДОМИНИКАНА

0
24

Водачот на Кавачкиот клан Радоје Звицер и Никола Вучовиќ познат како Џони од Врачар се кријат заедно во Бразил или Доминиканска Република.

Според оперативни информации од безбедносните служби порталот Newsbeezer.com објавува дека Џони веќе станал десна рака на Звицер и заедно почнале организирано да работат на испраќање пратки во големи количини кокаин од Јужна Америка кон Европа.

За време на престојот во овие држави тие се заштитени од моќни нарко-картели со кои соработуваат. За Звицер се претпоставува дека пристигнал во Бразил преку Босна и Херцеговина и Шпанија, а во истата област е и негова десна рака Вучовиќ, кој беше уапсен и на кратко задржан во притвор, но сепак успеа да се избори да биде ослободен.