ИЛЈАДНИЦИ РОДИТЕЛИ ОД ХОЛАНДИЈА БАРААТ ОШТЕТА ОД „ТИК ТОК”

0
24

Илјадници холандски родители бараат отштета во име на своите деца од операторот на популарната видео платформа ТикТок.

Тие бараат вкупно повеќе од 1,4 милијарди евра, објави денеска холандската фондација за истражување на пазарот на информации (СОМИ). Според фондацијата, има повеќе од 64 000 родители.

Причината е дека ТикТок собира податоци за малолетниците без дозвола за насочено рекламирање. Покрај тоа, децата се изложени на опасности преку таканаречени предизвици во кои од корисниците на платформата се бара да извршат ризични дела.

Фондацијата СОМИ е непрофитна организација посветена на заштита на основните права на корисниците на Интернет услуги, се вели на веб-страницата.

TikTok е во сопственост на кинеската компанија ByteDance. Операторот на платформата претходно објавил дека презема мерки за зголемување на безбедноста на младите корисници.

Според условите за употреба на TikTok, на малолетниците им е потребна согласност од нивните старатели. Децата на возраст под 13 години не смеат да ја користат услугата.

Компанијата на својата веб-страница посочува дека корисниците имаат пристап до поставките за приватност за да можат „да ги изберат поставките што им одговараат“.