Имунизацијата на населението од полошко во регионалниот пункт во Тетово продолжува, но со намален интензитет

0
15
Имунизацијата на населението од полошко во регионалниот пункт во Тетово продолжува, но со намален интензитет. На дневна основа се вакцинираат околу 400 граѓани или за два пати помалку во споредба со старот на вакцинацијата.

 

Здравствените работници апелираат вакцинацијата да се забрза во летниот период, со цел стекнување на колективен имунитет, пред да настапи некој нов бран на коронавирус.

-Таа колективна имунизација е најважна, без неа нема спас и овој летен период треба да се искористи кога малку можеме послободно да се движиме, кога сите имаме неколку недели одмор мора да се вакцинираме, тоа е единствениот спас, а со вакцината и имунизирано население имаме општествен, односно економски, културен, спортски развој, здравјето пред се, вели д-р Светлана Трифуновска координатор на матичните лекари.

Регионалниот вакцинален пункт работи само во прва смена, согласно дозите на вакцини кои се испраќаат за граѓаните од полошко.

-Да намален е интензитетот на вакцинацијата во полошко. Спортската сала е отворена само 8 часа и тука се вакцинираат жителите само до попладневните часови. Се надеваме дека овој процес ќе се забрза другата недела кога ќе ја добиме најавената пратка на нови вакцини, рече Борислав Јоргаќиевски директор на Здравствен дом Тетово.

Граѓаните сметаа дека треба да се забрза процесот на имунизација, со оглед на интересот за овој процес.

-На мене ми стигна порака за вакцинација на мојата сопруга не , а чекав долго време ,спасот го гледаме само во вакцинацијата, мора да се набават доволно количини на дози, за да се забрза процесот и барем од септември над половина од граѓаните од полошко да бидат вакцинирани, рече една жителка на Тетово. која денеска ја прими првата доза на вакцина.

Досега во регионалниот пункт во Тетово се вакцинирани 13 700 граѓани, а ревакцинирани 9500.