ИТАЛИЈА ГО ОСЛОБОДИ НАЈПОЗНАТИОТ УБИЕЦ НА МАФИЈАТА, ОДГОВОРЕН ЗА НАД 100 УБИСТВА

0
19

Еден од најозлогласените убијци на сицилијанската мафија, за кого се верува дека убил повеќе од 100 луѓе, е пуштен на слобода по поминати 25 години зад решетки.

Шеесет и четиригодишниот Џовани Бруша е најпознат по тоа што го активирал експлозивот во атентатот на легендарниот судија Џовани Фалконе во 1992 година. Тој исто така наредил да се задави 11-годишно момче, чие тело потоа било растворено во киселина.

Веста за ослободувањето на Бруша предизвика гнев во Италија, иако беше очекувано и законски предвидено. Во 2000 година, тој се согласи да соработува со обвинителите, поради што доби намалена казна.

Бруша, кој бил десна рака на таканаречениот супербос Тото Рина, беше уапсен во 1996 и првично доби доживотен затвор за повеќе од 100 убиства. Неговите признанија резултираа со апсењата на низа убијци и шефови на мафијата, но јавноста никогаш не му прости.

„По 25 години затвор, мафијашкиот бос Џовани Бруша е слободен човек. Тоа не е правда што Италијанците ја заслужуваат“, изјави лидерот на крајнодесничарската партија Лига, Матео Салвини.

Извор С. Д. К