И денеска жешко, температури до 39 степени

0
22

Сончево и топло со малку пониска температура и со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 22, а максималната ќе достигне од 29 до 39 степени.

Во Скопје сончево и топло со мала локална облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Минималната температура ќе биде 17, а максималната ќе достигне 36 степени.