КАНАЃАНЕЦ НАМЕРНО ПРЕГАЗИ МУСЛИМАНСКО СЕМЕЈСТВО СО КАМИОН И УБИ ЧЕТВОРИЦА

0
23

Четири члена од муслиманско семејство беа убиени во неделата во однапред смислен напад, соопшти канадската полиција.

Канаѓанец на возраст од 20 години, со камион намерно се залета во муслиманско семејство во градот Лондон, провинцијата Онтарио. Загинаа сите четворица, а единствено преживеано е дете на девет години, кое се наоѓа во болница, со сериозни повреди.

Канаѓанецот е обивент по четири точки за убиство и една за обид за убиство, пишува Би-би-си.

 

„Веруваме дека овие жртви биле мета затоа што се муслимани и дека се работи за злосторство од омраза“, рече детективот Пол Вејт, пред новинарите.

Додаде дека полицијата ги разгледува можните обивиненија за тероризам.

Жртви се две жени, на возраст од 74 и 44 години, 46-годишен маж и 15-годишно девојче. Полицијата соопшти дека напаѓачот Натаниел Велтман е уапсен без инциденти во трговски центар на 6 километри од злосторството.