КИМ ЈОНГ-УН ДРАСТИЧНО ИЗГУБИ ТЕЖИНА (ВИДЕО)

0
23

Севернокорејскиот лидер Ким Џонг Ун ретко се појавува во јавност во последно време, што ги зголемува гласините за неговите проблеми со здравјето.

Неодамна после долга пауза во јавноста кога водел седница на владејачката Работничка партија, а најнови фотографии сугерираат дека ослабел, пренесува британскиот Гардијан.

Како што е наведено, на поедини фотографии изгледал прилично послабо во однос на некои претходни фотографиии снимки.

Порталот НК њуз од Сеул, ги зголемил фотографиите во намера да го потврди ова сомнение, а истакнале дека и Ким, за кој се верува дека има околу 37 години, поседува скапоцен часовник од 12.000 долари, на кој наводно му го затегнал ременот.

Јужнокорејските медиуми тврдат дека Ким изгубил неколку килограми што може да се види и по тоа дека раката му е послаба.

Инаку, севернокорејскиот лидер важи за стаствен пушач, а неговиот татко Ким Џон ли починал, наводно од срцев удар, во декември 2011 година. Сето тоа ги наведе аналитичарите да заклучат дека Ким изминатите години се бори со дебелина, пред се и дека има и други здравствени проблеми.