КИНА ЈА ОДОБРИ КОВИД ВАКЦИНАТА НА „СИНОВАК“ ЗА ДЕЦАТА ОД ТРИ ДО 17 ГОДИНИ

0
19

Кина ја одобри употребата на ковид вакцината на „Синовак“ за децата од три до 17 години, објави претседателот на компанијата Јин Веидонг. Масовната имунизација во Кина, каде што до 3 јуни биле дадени 723,5 милиони дози, моментално е достапна само за лицата над 18 години.

Јин не кажа кога вакцината ќе им биде понудена на помладите возрасни групи, зашто тие моментално не се приоритет за вакцинирање.

Прелиминарните резултати од првите две фаза на клиничките тестирања покажале дека вакцината на „Синовак“ предизвикува имунолошка реакција кај децата од три до 17 години, а несаканите ефекти биле благи.

„‘Синовак‘ ја комплетираше втората фаза од тестирањата, во која на учесниците им се даваше трета доза. Кај нив е забележано десеткратно зголемување на антителата по една недела, односно 20-кратно по половина месец“, изјави Јин.

Светската здравствена организација неодамна ја одобри вакцината на „Синовак“, додавајќи дека резултатите од тестирањата покажале дека таа дава 51-процентна заштита од симптоматски случаи на ковид-19, како и стопроцентна заштита од сериозно разболување и хоспитализација.

Извор С. Д. К